Достапни линкови

Над 30 загинати во нови воздушни напади во Алепо


Бомбардирано училиште во Алепо

Бомбардирано училиште во Алепо

Над 30 цивили биле убиени, меѓу кои и пет деца, во воздушните напади на сириската војска во Алепо, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Сириските сили веќе два дена го бомбардираат квартот Бал ал Наџраб во источниот дел на градот што го контролираат бунтовниците. Според оваа Опсерваторија, од почетокот на воздушната офанзива на 15 ноември досега во Алепо загинале 188 лица, меѓу кои и 27 деца. Во источниот дел на Алепо под опсада се наоѓаат 250 илјади цивили, а болниците се тешко оштетени од бомбардирањата. Во текот на петгодишната војна во Сирија загинаа над 300 илјади луѓе, а неколку милиони се раселени.

XS
SM
MD
LG