Достапни линкови

Јилдирим: Европа без Турција може да биде „преплавена“ од мигранти


Турскиот премиер Бинали Јилдирим

Турскиот премиер Бинали Јилдирим

Турскиот премиер Бинали Јилдирим предупреди дека без помош на Анкара, Европа би можела да биде „преплавена“ од мигранти и нагласи дека замрзнувањето на преговорите меѓу ЕУ и Турција би можело да биде многу поштетно за Европа. „Ние сме еден од факторите кои ја штитат Европа. Ако бегалците можат да поминат, ќе ја преплават Европа и ќе ја преземат, Турција тоа го спречува“, истакна Јилдирим за турската државна телевизија. Јилдирим претходно изјави дека резолуцијата на Европскиот парламент со која се бара замрзнување на отпочнатите преговори за членство на Турција во ЕУ нема никакво значење за Анкара и ги повика лидерите на Унијата да се спротистават на резолуцијата.

XS
SM
MD
LG