Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: стабилно со ниска облачност


Во Македонија ќе биде стабилно со магла и ниска облачност по котлините. Кон крајот на денот и ноќта ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови со повремен слаб дожд. Утринската температура ќе се движи од минус четири до шест, а дневната од седум до 15 степени. Во Скопје ќе биде стабилно со магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до девет степени.

XS
SM
MD
LG