Достапни линкови

logo-print

Бунтовниците во Алепо го одобриле планот на ОН за помош


Луѓе ги согледуваат штетите од воздушните напади во област која е под контрола на бунтовниците во градот Алепо.

Луѓе ги согледуваат штетите од воздушните напади во област која е под контрола на бунтовниците во градот Алепо.

Сириските бунтовници во источниот дел на Алепо се согласиле со планот на ОН за испорака на помош и медицинска евакуација, соопшти денеска хуманитарниот советник на ОН, Јан Егеланд. Тој вели дека ОН имаат „вербална поддршка“ и од Русија за планот во четири точки за Алепо. Инаку Русија е главен сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Егеланд додаде дека ОН се уште чека на одобрување на планот од страна на сириската влада.

Стотици камиони се подготвени и чекаат во Турција, како и во јужниот дел на Алепо, кој е под контрола на владините сириски сили, за да однесат помош во источниот дел на градот.

Околу 275 илјади луѓе се заробени во источниот дел на Алепо. ОН последен пат распореди храна во таа област на 13 ноември


XS
SM
MD
LG