Достапни линкови

logo-print

СЈО бара налог за претрес на телекомуникациски оператор


Прес-конференција во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Прес-конференција во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

СЈО тврди дека нивното барање за наредба за претрес во телекомуникациски оператор, кое беше одбиено од Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1, било конкретно, но оти ќе постапат по забелешките на судот.

„Во насока на постапување по забелешките на Судот, упатено е барање до телекомуникацискиот оператор за итно обезбедување на податоците кои според наоѓањето на Судот се неопходни за издавање на наредба за пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци“, информира СЈО.

Кривичниот совет претходно ја потврди одлуката на судија на претходна постапка со која не се уважува барањето на СЈО за издавање наредба за пребарување на компјутерски системи и компјутерски податоци.

„Во образложението Кривичниот совет наведува дека наредбата е нејасна, непрецизна и општа и дека не е наведено прецизно одреденото место или опис каде ќе се изврши претресот, без да биде наведена адресата, конкретниот сектор или оддел во компанијата, ниту е наведен конкретен опис на видот и карактерот на уредите – компјутери“, соопштува СЈО, но не се согласува со ова образложение.

Тие тврдат дека во барањето за претрес е наведен називот на системите, односно носителите на податоци, наведено е конкретно кои податоци се бараат и од кој телекомуникациски оператор конкретно.

XS
SM
MD
LG