Достапни линкови

logo-print

ЕП гласаше за прекин на разговорите со Турција за членство во ЕУ


Архивска фотографија - Еврокомесарот Јоханес Хан, шефицата за надвореши работи на ЕУ Федерика Могерини, турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и турскиот министер за европски работи Омер Челик на средба во Анкара.

Архивска фотографија - Еврокомесарот Јоханес Хан, шефицата за надвореши работи на ЕУ Федерика Могерини, турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и турскиот министер за европски работи Омер Челик на средба во Анкара.

Пратениците од Европскиот парламент гласаа за привремен прекин на разговорите за членство со Турција, потег кој има за цел да испрати порака до Анкара во врска со прогонот на неистомисленици по неуспешниот воен удар.

Европскиот парламент денеска ја усвои необврзувачката резолуција со која бара од 28-те земји членки на ЕУ да „иницираат привремено замрзнување“ на разговорите со Анкара до укинување на „непропорционалните мерки во рамки на вонредната состојба во Турција“. Гласањето нема непосредни правни последици, но ја нагласува зголемената загриженост во Европа поради зајакнувањето на контролата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по неуспешниот воен удар во јули годинава. Во пресрет на гласањето, Ердоган вчера ги критикуваше европските земји, велејќи дека не ги одржале нивните ветувања во однос на турскиот пат кон членство во ЕУ. „Без оглед на резултатот, ова гласање нема вредност во нашите очи“, рече тој. Ердоган, по неуспешниот воен удар, прогласи вонредна состојба и почна голема акција против опозицијата, новинарите и граѓанските организации.

Турскиот министер за европски работи Омер Челик, денеска ја отфрли резолуцијата на ЕП за Турција.

„Таа одлука ја сметаме за ништовна. Тоа не е одлука што може дас е сфати сериозно поради визијата која ја има и јазикот што преовладува во текстот“, изјави Челик на прес конференција.

Според него, таа резолуција на ЕП ги крши основните европски вредности. Челик нагласи дека пратениците во ЕП мора да внимаваат на својот речник кога зборуваат за претседателот Реџеп Таип Ердоган.


XS
SM
MD
LG