Достапни линкови

Грција и Македонија продолжуваат со градењето доверба


Архивска фотографија - Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Никос Коѕијас, 24 јуни, 2016.

Архивска фотографија - Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Никос Коѕијас, 24 јуни, 2016.

Грција и Македонија го одржаа петтиот состанок за мерките за градење доверба. Од грчкото Министерство за надворешни работи информираат дека претставници од двете министерства вчера во Скопје се состанаа и разговараа околу мерките за зајакнување на довербата и соработката меѓу двете страни во повеќе сектори. На состанокот станало збор за подобро транспортно поврзување, зајакнување на полициската соработка, подобра цивилна заштита, соработка меѓу јавната администрација, како и меѓу дипломатските академии на двете министерства. Претставниците на грчкото и македонското МНР разговарале и за европски програми, соработка во култура, здравство и образование, како и за продлабочување на трговската соработка меѓу двете страни. Двете страни договориле следниот состанок за мерките за градење доверба да се одржи на почетокот на 2017 година во Атина. Мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција беа потпишани во Скопје во јуни 2015 година, за време на посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. Двете страни во рамки на мерките пред еден месец потпишаа меморандум за изградба на гасоводна мрежа меѓу МЕП и грчката компанија за гас ДЕСФА, кој е планирано да ги поврзе Македонија Грција со гасоводна врска и да ја зајакне енергетската соработка.

XS
SM
MD
LG