Достапни линкови

Министерот до „Југохром“: поставете филтри


Архивска фотографија - Вработени во Комбинатот „Југохром“ протестираат во Тетово.

Архивска фотографија - Вработени во Комбинатот „Југохром“ протестираат во Тетово.

Потполно ги разбираме маките и барањата на вработените во Југохром кои денеска протестираат и токму затоа повторно го повикаме раководството на комбинатот од Јегуновце да го забрза процесот за поставување филтри со што ќе се исполнат условите овој производствен капацитет повторно да почне да работи, рече денеска министерот за животна средина Башким Амети на прес конференција.

На 2 ноември „Југохром“ постапи по одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, кој донесе решение комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече на крајот на минатиот месец.

Министерот рече дека не било лесно да се донесе одлука за затворање на комбинатот. Одговарајќи на новинарски прашања, министерот Амети рече дека одлуката за затворање на комбинатот, била конкретна мерка за да се намали нивото на загадување на воздухот во Тетово.

Вработените во Комбинатот „Југохром“ од тетовско Јегуновце денеска ја блокираа крстосницата кај Судската палата во Скопје, протиестирајќи против исклучувањето на печките на комбинатот.


XS
SM
MD
LG