Достапни линкови

Во градежна несреќа во Кина најмалку 67 жртви


Спасувачи ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани во кинеската источна провинција Џиангси, 24 ноември, 2016.

Најмалку 67 луѓе загинале при уривањето на платформа на електрана во изградба во кинеската источна провинција Џиангси, јави кинеската државна телевизија. Во урнатините се уште има заглавено луѓе, но не се знае нивниот број. Не се познати ниту причините за несреќата, јавува новинската агенција Ксинхуа. Локалните медиуми објавија дека имало околу 70 луѓе кога се урнала платформата. Во тек е акција за извлекување на заробените под урнатините.

XS
SM
MD
LG