Достапни линкови

Работници на Југохром денеска на протест


Вработени во Комбинатот за феролегури „Југохром“ протестираат против одлуката за затворање на комбинатот

Вработени во Комбинатот за феролегури „Југохром“ протестираат против одлуката за затворање на комбинатот

Синдикатот на вработените во Југохром Алзар, ќе организира уште еден протестен собир против, како што велат, неоправданото исклучување на печките. Мирниот протест е најавен за денеска во 12 часот, а како што најавуваат ќе ја блокираат крстосницата кај Судска палата во времетраење од еден час. Потоа вработените ќе се упатат пред Инспекторатот на Министерството за животна средина каде ќе биде доставено писмено барање против како што оценуваат, неоправданото исклучување на печките. Инаку, Југохром во почетокот на овој месец ги изгасна печките за топење руда, откако инспекцијата од Министерството за животна средина утврди дека не е исполнет условот, до крајот на октомври да проработат филтрите за контрола на издувните гасови.

XS
SM
MD
LG