Достапни линкови

logo-print

Албанија привремено го стопира увозот на птици од Европа


Албанија привремено го стопира увозот на птици од земјите-членки на Европска унија, во кои се регистрирани случаи на птичји грип (H5N8). Министерството за земјоделство денеска нареди да запре секаков увоз на птици од Австрија, Хрватска, Данска, Германија, Унгарија, Полска, Холандија, како и од Швајцарија. Министерството исто така им нареди на одгледувачите на птици да ја држат живината затворена и да ги набљудуваат поради евентуална зараза.

„И покрај тоа што вирусот не е регистриран во некои од соседните држави, истиот може да биде донесен во Албанија од птиците-преселници“, се посочува во соопштението од Министерството за земјоделство.

XS
SM
MD
LG