Достапни линкови

logo-print

Судски совет - Вонредно оценување на кандидатите за претседатели на судовите


Прес-конференција претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски во Скопје на 20 октомври 2016

Прес-конференција претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски во Скопје на 20 октомври 2016

Судскиот совет на Македонија на денешната затворена седница донел одлука да изврши вонредно оценување на кандидатите за претседател на Основниот суд Скопје 1 Скопје и на Врховниот суд.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по седницата изјави дека ваква одлука била донесена бидејќи во изминатите две години, во согласност со новиот Закон за судскиот совет, немало оценување на судиите. Додаде дека вонредното оценување ќе се врши со постапка како за редовно оценување, односно судиите ќе добијат решение на кое ќе имаат право на приговор. За вонредната проверка на кандидатите веќе е формирана комисија, која ќе почне со работа во најкус можен рок.

Караџовски им порача на кандидатите за претседатели на судови да се воздржат од јавни изјави со цел да се зачува угледот на судската функција.

XS
SM
MD
LG