Достапни линкови

Нови престрелки меѓу Пакистан и Индија за Кашмир


Пакистански војници на погреб на нивен колега кој беше убиен во Кашмир на 15 ноември 2016

Пакистански војници на погреб на нивен колега кој беше убиен во Кашмир на 15 ноември 2016

Пакистанските власти соопштија дека најмалку девет цивили се убиени од артилериски оган истрелан денеска од индискиот дел на Кашмир, кој погоди патнички автобус на пакистанска територија. Две други лица се убиени од артилериска граната што го погодила нивниот дом. Најмалку 11 луѓе загинале во нападите.

Пакистанската армија соопшти дека возвратила, стрелајќи кон индиските позиции. Портпаролот на индиската армија рече дека Пакистан ги нападнал индиските сили.

XS
SM
MD
LG