Достапни линкови

Синот единец на туркменистанскиот претседател стана пратеник


Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов во посета на Берлин на 29 август 2016

Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов во посета на Берлин на 29 август 2016

Синот единец на туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов стана пратеник, објави државната телевизија на Туркменистан. Сардар Бердимухамедов ќе го претставува регионот Ахал, откако победи на парламентарните избори за нов пратеник, откако претходниот поднесе оставка. Претседателот во јули го назначи неговиот син на раководна позиција во Министерството за надворешни работи. Тој претходно работеше на различни позиции во владата, меѓу кои беше и заменик министер за земјоделство.

Аналитичарите на неговиот избор за пратеник гледаат како на подготовки за наследување на неговиот татко на претседателската функција.

Гурбангули Бердимухамедов стана претседател на крајот на 2006 година по смртта на тогашниот претседател Сапармурат Нијазов. Во септември беа донесени уставни измени со кои му се овозможува на Бердимухамедов да остане претседател доживотно.

XS
SM
MD
LG