Достапни линкови

logo-print

Починати тетовци добиле 30 илјади евра за туѓа нега


Прес-конференција на министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски. Фото: novatv.mk

Прес-конференција на министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски. Фото: novatv.mk

Вкупно 134 починати лица од тетовско го остварувале правото и добивале средства за туѓа нега и по нивната смрт, поради тоа што Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Тетово не презел мерки за да донесе решенија за негово укинување. Заради ваквото постапување извршена е неоснована исплата на 1.8 милиони денари или близу 30 илјади евра, информира на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски.

Тројца од 134 починати лица, за кои продолжило правото на туѓа нега и по нивната смрт, додаде таа, сè уште фигурираат во избирачкиот список за што ќе биде информирано МВР и ДИК.

„Ги преземаме сите неопходни мерки за утврдување на одговорност“, рече таа.

Таа рече дека во текот на следните денови ќе објави злоупотреби и во други градови.

XS
SM
MD
LG