Достапни линкови

Птичји грип во северна Европа


Германски здравствени експерти предупредуваат дека еден вид на вирусот птичји грип забрзано се шири низ северна Европа. Вирусот најверојатно го носат диви птици кои не покажуваат симптоми на болеста. Томас Метенлеит, претседател на германскиот институт за мониторинг на здравјето на животните, Фридрих Лефлер, денеска го објави ова предупредување. Тој рече дека вирусот Х5Н8 се пренесува од дивите птици врз домашната живина на фармите во северна Европа. Метенлеит рече дека вирусот досега бил откриен во 10 сојузни држави во Германија, откако беше за прв пат регистриран на 8 ноември. Вирусот бил забележан и во Данска и Шведска. Овој вирус, кој не е опасен за луѓето, за прв пат беше забележан во јуни на границата меѓу Монголија и Русија. Оттогаш е регистриран и во Иран и во Израел.

XS
SM
MD
LG