Достапни линкови

logo-print

Главниот град на Казахстан ќе се преименува по името на претседателот?


Казахстански претседател Нурсултан Назарбаев во јапонскиот парламент во Токио на 8 ноември 2016

Казахстански претседател Нурсултан Назарбаев во јапонскиот парламент во Токио на 8 ноември 2016

Казахстански пратеник предложи главниот град на земјата, Астана, да биде преименуван во чест на долгогодишниот претседател Нурсултан Назарбаев. Предлогот го поднесе пратеникот Каниш Султанов на денешната седница на парламентот. Тој рече дека Астана треба да се преименува или во Нурсултан или во Назарбаев. Министерот за информации Дорен Абајев рече дека каква било конечна одлука за преименување на главниот град ќе биде донесена од страна на самиот Назарбаев, но оти за тоа можеби ќе бидат потребни измени на уставот. Пратеникот Владислав Косарев рече дека 76-годишниот Назарбаев се согласува со промена на името и оти ќе биде формирана ад хок комисија што треба да го разгледа ова прашање.

Назарбаев беше последниот лидер на Казахстан во советско време и продолжи да ја води земјата и по осамостојувањето во 1991 година. По укинувањето на законите кои ги ограничуваат претседателските мандати, тој во 2015 година повторно беше избран за претседател, освојувајќи 98 отсто од гласовите. Во 2010 година, пратениците го прогласија Назарбаев за лидер на нацијата. Владата на Казахстан се пресели од најголемиот град Алмати во Астана во 1997 година.

XS
SM
MD
LG