Достапни линкови

logo-print

Да продолжат разговорите за намалување на нуклеарните арсенали


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун зборува пред Советот за безбедност на 22 ноември 2016

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун зборува пред Советот за безбедност на 22 ноември 2016

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ги повика Русија и САД да ги продолжат разговорите за намалување на огромните нуклеарни арсенали. Тој го упати овој повик вчера во предавање на Универзитетот во Њујорк.

Веројатноста за нови преговори меѓу Москва и Вашингтон за намалување на залихите на нуклеарно оружје е многу мала со оглед на зголемување на тензиите меѓу двете земји.

Новиот договор СТАРТ ги обврзува двете страни да ги намалат своите распоредени боеви глави на по 1550. Американските резерви се далеку под таа граница, но постои растечка загриженост кај некои американски безбедносни експерти дека Русија нема намера да ја исполни таа цел.

XS
SM
MD
LG