Достапни линкови

Предвремени избори во Бугарија најдоцна до април


Бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов

Бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов

Високиот функционер на бугарската владејачка партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Цветан Цветанов денеска изјави дека партијата смета оти краен рок за спроведување на предвремени парламентарни избори во Бугарија треба да биде 2 април 2017 година, а како можен датум го посочува 20 март.

Цветанов истакна дека ГЕРБ водат разговори со другите бугарски парламентарни партии, кои ќе завршат неделава, по што ќе се одржи Консултативен совет, на кој ќе присуствува и новоизбраниот претседател Румен Радев, за да се постигне политички консензус околу датумот за претстојните предвремени избори.

XS
SM
MD
LG