Достапни линкови

logo-print

Меркел - Германија има намера да ја продолжи соработката со Турција


Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција во партиското седиште на Христијанско демократската унија во Берлин на 20 ноември 2016

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција во партиското седиште на Христијанско демократската унија во Берлин на 20 ноември 2016

Германија планира да ја продолжи соработката со Турција, но смета дека во земјата има проблем со слободата на печатот и човековите права, истакна денеска во Бундестагот германската канцеларка Ангела Меркел.

„Треба да ја задржиме преговарачката позиција. Ние имаме интерес од тоа да имаме разумна соработка со Турција, но тоа не значи дека не треба да го истакнеме јасно она што нè вознемирува“, нагласи Меркел.

Како што јави ТАСС, односите меѓу Турција и Германија се влошија, откако Бундестагот гласаше за резолуција со која прогонот на Ерменците во Отоманската Империја во текот на Првата светска војна беше прогласен за геноцид.

XS
SM
MD
LG