Достапни линкови

Русија и САД бараат екстрадиција на руски хакер од Чешка


Корисничкиот налог на Евгениј Никулин на Инстаграм

Корисничкиот налог на Евгениј Никулин на Инстаграм

Чешкото Министерство за правда соопшти дека и САД и Русија побарале екстрадиција на Евгениј Никулин, 29-годишен руски државјанин кој беше уапсен во Прага поради американски обвиненија за хакирање и кражба на податоци.

Чешката полиција го уапси Никулин на 5 октомври по барање на САД, под обвиненија дека ги хакирал базите на податоци на интернет компаниите Линкедин, Дропбокс и Формспринг. Тој се соочува со обвиненија за компјутерски упад, тешка кражба на идентитет и кражба на податоци.

Руски претставници претходно соопштија дека работат да спречат екстрадиција на Никулин во САД.

XS
SM
MD
LG