Достапни линкови

logo-print

Пораст на нови бегалци и мигранти на грчките отрови


Mигранти и бегалци на островот Хиос во Грција на 7 септември 2016.

Mигранти и бегалци на островот Хиос во Грција на 7 септември 2016.

Последниве денови забележан е значителен пораст на нови мигранти и бегалци на островите во северниот дел на Егејското Море, јави дописникот на МИА од Атина. Од петокот па до денеска, на Лезбос пристигнале 285 лица, на Хиос 245 и на Самос 69 мигранти и бегалци. Вкупниот број на нови бегалци и мигранти (599) е еднаков на пет проценти од мигрантите и бегалците кои во моментов се заглавени на грчките острови. Полицијата соопшти дека денеска на Лезбос има 5.918 бегалци и мигранти, на Хиос се 3.558 и на Самос има 2.278.

XS
SM
MD
LG