Достапни линкови

logo-print

САД против новите заеднички сили на Русија и Абхазија


рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на Абхазија Раул Хаџимба

рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на Абхазија Раул Хаџимба

Американскиот Стејт департмент го осуди формирањето на нови сили меѓу Русија и грузискиот регион Абхазија, наведувајќи дека тие не се во согласност со меѓународното право. Претходно рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор за продлабочување на руската инволвираност во Абхазија која води своја политика одвоено од Грузија по граѓанската војна во почетокот на деведесетите години од минатиот век. Москва ја има признато независноста на Абхазија, но поголемиот дел од членките на Обединетите нации одбиваат да го сторат тоа.

XS
SM
MD
LG