Достапни линкови

logo-print

Лиценца за продажба на 100 патнички авиони на Иран


Ербас A321

Ербас A321

Соединетите држави му издадоа втора лиценца на францускиот произведувач на авиони Ербас да му продаде на Иран над 100 патнички летала. Во септември Ербас доби лиценца за продажба на 17 авиони на Техеран. На Ербас му е неопходно одобрувањето од Вашингтон, бидејќи најмалку 10 проценти од деловите за авионите што ги произведува се направени во Соединетите држави.Иран се надева дека ќе ја обнови својата авионска флота по ланскиот договор со супер силите за намалување на неговата нуклеарна активност во замена за олабавување на меѓународните санкции.

XS
SM
MD
LG