Достапни линкови

logo-print

НАТО ја критикува Русија за оружјето во Калининград


генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Брисел 18.11.2016.

генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Брисел 18.11.2016.

НАТО ја обвини Русија за, како што се наведува во соопштението, „агресивното воено разместување“ по извештаите за распоредување ракети во руската енклава на Балтичко море, Калининград. Тоа, според Алијансата, „не придонесува за намалување на тензиите и за обнова на односите меѓу двете страни“. Кремљ го објасни овој потег со експанзијата на НАТО во близина на руските граници. „НАТО всушност е агресивен сојуз“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, наведувајќи дека Русија има суверено право да ги преземе сите мерки за зачувување на територијалниот интегритет.

XS
SM
MD
LG