Достапни линкови

Трамп се предомисли, нема Специјален обвинител за Клинтон


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, 20 ноември 2016, Њу Џерси

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, 20 ноември 2016, Њу Џерси

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп нема да бара продолжување на истрагата за употребата на приватната електронска пошта на Хилари Клинтон додека била државен секретар на САД. Советникот на Трамп, Келајн Конвеј за американски медиум изјави дека новиот претседател ќе се повлече од спроведување на предизборното ветување дека ќе назначи специјален обвинител кој ќе ги разгледува активностите на Клинтон додека била на функција. Трамп за време на кампањата се закани дека дека ќе ја стави во затвор неговата демократска противничка, доколку стане претседател на САД.

Конвој изјави дека на поранешниот државен секретар Хилари Клинтон и останува да се справи со фактот дека мнозинството американски државјани сметаат дека таа не е доволно искрена ниту имаат доверба во неа.

Претходно истрагата на ФБИ, покажа дека употребата на приватниот меил од страна на Клинтон додека била на функција е неодговорно однесување но не доволно за да постојат основи за поведување на обвинение.

XS
SM
MD
LG