Достапни линкови

logo-print

Петмина уапсени за убиството на мигрант во Белград


Српската полиција врши истрага за убиството на 26 годишниот авганистански мигрант, кој настрада вчера во тепачка меѓу мигранти во парк во Белград.

На тоа место се собираат стотици мигранти и бегалци, кои се заглавени во Србија. Српското министертво за внатрешни работи соопшти дека авганистанецот починал од убоди со нож. Пет лица биле упасени во врска со инцидентот, но не е јасно што била причината за тепачката.

Се проценува дека низ Белград има околу илјади мигранти, од вкупно 6 илјади колку што останаа заглавени во Србија, откако Унигарија и Хрватска ги затворија границите за мигрантите.

XS
SM
MD
LG