Достапни линкови

logo-print

Митревски ја обвини Ременски за пуч во ССМ


Архивска фотографија, прес конференција на претседателот на ССМ Живки Митревски на 8 ми јануари 2014 година

Архивска фотографија, прес конференција на претседателот на ССМ Живки Митревски на 8 ми јануари 2014 година

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски поднел кривична пријава против министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски за злоупотреба на службената положба и овластување. Митревски денеска изјави дека пријавата ја поднел затоа што таа, како што тврди тој, врз основа на фалсификуван документ донела решение за негова смена од претседателското место.

Митревски обвинува дека се работи за заговор, обид за пуч и преседан невиден во историјата на синдикалното организирање во Македонија.

„Техничката министерка Фросина Ташевска-Ременски во координација со четири претседатели на гранкови синдикати направи обид за пуч и за насилна промена на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија и раководството на ССМ, што е историски скандал од невидени размери, спротивно на основните демократски вредности и темелните меѓународни стандарди за автономност во синдикалното дејствување. Незаконското и кривичното поткопување на органите во ССМ беше спроведено со користење фалсификувана и некомплетна документација“, рече Митревски.

Од Ременски бара и оставка од министерската функција, а од МВР да ја примени мерката притвор.

„Ниту министерот, ниту претставници од министерството имаат право да присуствуваат, ниту пак присуствувале на седници на Советот на ССМ и притоа да учествуваат или влијаат на носењето на одлуки кои се во исклучива надлежност на синдикатите“, се вели во реакцијата на министерката Фросина Ташевска Ременски.

„ За негово потсетување, истиот Живко Митревски нека се присети на 2010 година кога во иста постапка го промени тогашниот прв синдикалец Ванчо Муратовски и наместо со решение од министерот, неговиот упис во Централен регистар е спроведен со заклучок како несоодветен правен акт во постапка за упис на одговорно лице“, се вели во реакцијата од МТСП.

XS
SM
MD
LG