Достапни линкови

Град Скопје со препораки до граѓаните поради аерозагадувањето


Архивска фотографија, градоначалник на Скопје Коце Трајановски

Архивска фотографија, градоначалник на Скопје Коце Трајановски

Граѓаните да користат јавен превоз, да го сведат своето движење на отворен простор на неопходни излегувања, малите деца, бремените, хронично болнните и постарите да не излегуваат на улица и да не се проветруваат просториите во кои се престојува. Ова се дел од препораките што Градот Скопје денеска ги упати до граѓаните поради загадувањето на воздухот во Скопје во пет последователни денови.

Од Градот Скопје се повикуваат граѓаните да користат суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци и при затоплување да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси како отпадно масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали.

„Настанатата состојба е резултат на загадувањето на воздухот, но, пред се, на стабилната временска состојба, карактеристична за скопската котлина во студениот дел од годината, заради што Градот Скопје е во редовен и постојан контакт со Управата за хидрометеоролошки работии за секоја настаната промена на состојбата редовно ќе ја известува јавноста“, истакнуваат градските власти.

Причината за ваквите препораки е нарушениот квалитет на амбиентниот воздух заради надминувањето на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10) во текот на пет последователни денови.

XS
SM
MD
LG