Достапни линкови

Турската полиција ќе го апси лидерот на курдската партија


Архивска фотографија, протести во Турција, 10 октомври 2016

Архивска фотографија, протести во Турција, 10 октомври 2016

Турската полиција денеска издаде наредба за апсење на лидерот на сириската курдска Партија за демократско единство, Салех Муслим, во врска со бомбашкиот напад од февруари годинава врз автобус на турската армија во Анкара, јавуваат турските новински агенции. Наредби за приведување за овој напад се издадени и за уште 47 лица, посочува турската агенција.

Партијата за демократско единство е поврзана со Силите за заштита на народот, кои во борбата против Исламска држава во Сирија имаат поддршка од САД.

На 17 февруари годинава во експлозија на автомобил-бомба загинаа 29 лица, а главна цел на нападот беше воен персонал во Анкара.

XS
SM
MD
LG