Достапни линкови

logo-print

Нова акција на турските власти против поддржувачите на ФЕТО


Архивска фотографија - Поддржувачи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оддржуваат собир за поддршка по обидот за пуч во земјата.

Архивска фотографија - Поддржувачи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оддржуваат собир за поддршка по обидот за пуч во земјата.

Турските власти денеска издадоа наредби за приведување на 60 припадници на турските военовоздухопловни сили, во рамки на истрагата против организација ФЕТО на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Главното обвинителство во градот Конја, во централна Турција, издаде наредби за приведување на луѓето, а полициски екипи веќе презеле синхронизирани акции за приведување на осомничените.

Во меѓувреме, рано утринава беа лиферувани информации за бран нови чистки во земјата, информира ДПА.

Според турските власти, групата ФЕТО, на муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во Пенсилванија, САД, стои зад неуспешниот обид за преврат во земјата, што беше изведен на 15 јули.

XS
SM
MD
LG