Достапни линкови

Трамп ги објави приоритетите за првите сто дена во Белата куќа


Трамп вети дека ќе го откаже Пацифичкиот трговски договор
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Трамп вети дека ќе го откаже Пацифичкиот трговски договор

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп преку видео порака постирана на Јутјуб ги посочи активностите што ќе ги преземе од првиот негов ден во Белата куќа на 20 јануари. Во нив најамбициозниот потег е повлекувањето на Соединетите Држави од трговскиот договор познат како Транспацифичко партнерство.

Според оценките на Трамп, овој договор претставува потенцијална катастрофа за Соединетите Држави.

„Наместо тоа, ние ќе преговараме за фер, билатерални трговски договори кои носат работни места и ја враќаат индустрија назад кон американските брегови“, рече тој.

Претседателот во заминување Барак Обама напорно работеше на ратификувањето на овој договор со кој се намалуваат даноците и се отстрануваат трговските бариери меѓу 12 земји.

Меѓутоа, овој договор стана жешка точка за време на изборната кампања.

Популистичка порака на Трамп одекна во многу индустриски региони на САД, кои за огромните загуби на работните места го обвинуваат и вториот голем трговски договор Северноамериканскиот договор за слободна трговија.

Најновата најава на Трамп може да има политички последици и во другите земји.

Говорејќи за време на официјалната посета на Аргентина, јапонскиот премиер Шинзо Абе оцени дека договорот ќе биде „бесмислен“ без учество на САД.

Тој исто така изјави дека за договорот не може повторно да се преговора, додавајќи:

„Ова ќе ја наруши основната рамнотежа на бенефиции“.

јапонскиот премиер Шинзо Абе по средбата со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, Њујорк, 17.11.2016.
јапонскиот премиер Шинзо Абе по средбата со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, Њујорк, 17.11.2016.

Абе минатата недела беше првиот странски лидер кој се сретна со Трамп по неговата изборна победа во почетокот на овој месец.

По 90-минутната средба во Менхетен, Абе изјави дека новоизбраниот претседател на Соединитетите Држави е „довелив лидер“.

Сега во Јапонија расте загриженоста и во врска со тоа дека Трамп исто така може да го исполни своето изборно ветување да бара од Токио да плати повеќе за 50.000 американски војници стационирани во Јапонија во рамките на Договорот за обезбедување.

Јапонија плаќа околу 2 милијарди долари годишно, што е половина од трошоците за американските сили таму.

Инаку, Трамп, во видео пораката за првите сто денови од неговото пртетседателствување, исто така најави дека ќе издаде правило за намалување на владините регулативи и ќе му посочи на Министерството за труд да ги истражува злоупотребите на визните програми.

Тој исто така најави дека ќе поништи некои ограничувања за производство на енергенси, вклучувајќи нафта од шкрилци, гас и јаглен.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG