Достапни линкови

logo-print

Стејт департмент: ризик од терористички напади во Европа


Американскиот Стејт департмент предупреди на зголемен и „веројатен“ ризик од терористички напади низ Европа за време на празничната сезона и упати апел до американските граѓани да бидат претпазливи. Во соопштението не се посочува некое конкретно место или датум. Вакви предупредувања Стејт департментот издавал и во претходните години со оглед на претстојните празници, американскиот Тенксгивинг на 24 ноември и католичкиот Божиќ на 25 декември.

XS
SM
MD
LG