Достапни линкови

logo-print

Цунами на североистокот на Јапонија по силниот земјотрес


Нуклеарката во Фукушима, архивска снимка

Нуклеарката во Фукушима, архивска снимка

Јапонските власти соопштија дека цунами бранови го погодија североисточниот брег на земјата по земјотресот со сила од 6,9 степени. Брановите биле високи околу еден метар и зафатиле дел од брегот во близина на нуклеарната централа во Фукушима во која по цунамито во 2011 година беше предизвикана една од најголемите нуклеарни несреќи во светот. Се наведува дека земјотресот бил почувствуван и во Токио, но засега нема извештаи за жртви или за материјални штети. Забележани се долги редици на автомобили со луѓе кои ја напуштаат областа. Во земјотресот и цунамито во 2011 година загинаа над 18 илјади луѓе, додека беа стопени јадрата на три реактори на Фукушима.

XS
SM
MD
LG