Достапни линкови

Времето денеска: сончево и тивко


Во Македонија ќе биде сончево и тивко. По одделни котлини и по речните долини ќе има слаба магла особено во утринските часови, а преку денот видливоста ќе биде променлива. На планините и на повисоките места ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од седум до 16 степени. Во Скопје сончево и тивко со појава на магла со променлива видливост. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до девет степени.

XS
SM
MD
LG