Достапни линкови

Во бомбашки напад во Авганистан 27 жртви


Повредено авганистанско момче од нападот врз џамија во Авганистан.

Во напад на бомбаш самоубиец во шиитска џамија во Кабул загинаа најмалку 27 лица, а 35 беа повредени. Нападот се случил кога верниците се собирале за одбележување на крајот на 40-дневниот период на жалост по повод годишнината од смртта на Имам Хусеин, внукот на пророкот Мухамед.

Талибанците негираа дека се одговорни за нападот, кој авганистанскиот претседател Ашраф Гани го оцени како варварски. Во јули 80 лица загинаа во напад на милитантната група Исламска држава за време на шиитски демонстрации во Кабул.

XS
SM
MD
LG