Достапни линкови

logo-print

Жбогар очекува фер и кредибилни избори


Амбасадорот на Европската Унија, Самоел Жбогар.

Амбасадорот на Европската Унија, Самоел Жбогар.

Амбасадорот на Европската Унија, Самоел Жбогар денеска изјави дека очекува изборите, кои споре него, се многу значајни за земјата да бидат спроведени на фер и кредибилен начин. Жбогар кој со британскиот амбасадор Чарлс Гарет беше во посета на Прилеп посочи и дека изборите претставуваат можност за земјата да ги стабилизира внатрешните односи и односите со Европската унија.

„Очекуваме добри избори и очекуваме новата Влада која ќе произлезе да може сериозно да се ангажира во испорачување на сериозни реформи. Очекуваме дека веднаш по изборите ќе се креира внатрешен моментум, но и моментум со ЕУ за да може заедно да го креираме европскиот пат“, рече Жбогар.

Според него, сите посети на амбасадорите на ЕУ пред изборите се со цел да укажат на важноста која ја имаат тие за целата земја.

XS
SM
MD
LG