Достапни линкови

logo-print

Сесија на НАТО во Истанбул за Блискиот Исток


Средба на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред сесијата.

Средба на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред сесијата.

Во Истанбул денеска се одржува 62 сесија на Парламентарното собрание на НАТО на која ќе се разгледува состојбата на Блискиот Исток и учеството на Алијансата во борбата против тероризмот. На средбата присуствува и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, вицепремиерот Мехмет Шимшек, министерот за правда Бекир Боздаг, како и началникот на турскиот Генералштаб, Хулуси Акар.

Ердоган во своето обраќање упати критика кон НАТО и САД поради Сирија и Курдите и побара поддршка за неговата земја во борбата против тероризмот. Столтенберг изјави дека „едвај чека“ да се сретне со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за да разговара за поддршката на Вашингтон за НАТО и европските сојузници. На сесијата треба да биде избран и нов претседател на Парламентарното собрание на НАТО, кој ќе го замени Мајк Тарнер, чијшто двогодишен мандат истекува.

XS
SM
MD
LG