Достапни линкови

logo-print

Судири во Либија поради инцидент со мајмун


Знамето на Либија

Знамето на Либија

Во племенски судири кои траат неколку денови во Либија загинаа најмалку 20 лица, а повеќе од 50 биле повредени поради инцидент со мајмун во јужниот град Сабха. Активисти и медицински лица соопштија дека тројца млади момчиња го ослободиле мајмунот, кој им бил милениче, во едно средно училиште, при што животното нападнало една ученичка и ја изгребало по лицето и ја гризнал.

Семејството на девојката за да се одмазди за инцидентот ги убило тројцата момчиња и мајмунот по што настанале немирите меѓу племињата Авлад Сулејман и Гуедадфа. Според извештаите, во судирите било користено и тешко оружје, како тенкови, ракети и минофрлачки гранати.



XS
SM
MD
LG