Достапни линкови

Уапсени 8 лица кои планирале терористички напад во Франција


Францускиот министер за внатрешни работи Бернард Казенев

Францускиот министер за внатрешни работи Бернард Казенев изјави денеска дека полицијата во изминатиот викенд уапсила 7 лица во Стразбур и Марсеј за организирање на терористички напади во земјата. Апсењето на осомничените кои биле на возраст од 29 до 37 години и кои потекнувале од Франција, Марко и Авганистан, според него, им овозможило да го спречат одамна планираниот терористички напад.

Казенев не ја посочи целта на нападот. Франција се уште е во вонредна состојба, една година по нападите на милитантната група Исламска држава во Париз во кои загинаа над 130 луѓе.

XS
SM
MD
LG