Достапни линкови

Годишнина од протестите на Мајдан во Украина


Украинскиот претседател Петро Порошенко на прославата на „Денот на достоинство и слобода“.

Украинскиот претседател Петро Порошенко на прославата на „Денот на достоинство и слобода“.

Во Украина денеска се одбележува „Денот на достоинство и слобода“, празник во чест на почетокот на протестите во 2013 година со кои беше соборен поранешниот претседател Виктор Јанукович. Владини претставници, учесници на протестите на плоштадот Мајдан, како и обични граѓани ќе присуствуваат на церемонијата во Киев каде ќе положат цвеќе на споменикот посветен на демонстрантите кои загинаа во судирите со безбедносните сили за време на протестите.

Марш на револуцијата исто така ќе биде организиран во главниот град од страна на националистите. Јанукович во февруари 2014 година избега во Русија по што беше сменет од функцијата.

XS
SM
MD
LG