Достапни линкови

Иванов: Мигрантската криза допрва почнува


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов изјави дека мигрантската криза допрва почнува, бидејќи во непосредна близина на надворешните граници на Европа се наоѓаат меѓу 20 и 30 милиони потенцијални мигранти. Тој во Бугарската академија на науките во Софија, каде одржа предавање на тема „Миграциите и мигрантите: предизвици за третиот милениум“ посочи и дека како што бројот на бегалците ќе се зголемува, така волјата и подготвеноста на Европската унија да ги прифаќа и интегрира ќе се намалува.

Според него мигрантската криза придонела кон дополнително затегнување на односите меѓу државите. Цената, како што наведе Иванов која ќе ја платат за несоработката е прескапа, бидејќи колку е послаба соработката меѓу државите, толку е посилна соработката меѓу криминалците. Во наредните пет години Иванов рече дека земјите ќе се соочат со два предизвика, да се обезбеди контрола на коридорите преку кои се префрлаат мигрантите и да се обезбеди контрола врз слободното движење на мигрантите кои веќе се наоѓаат на Шенген територијата.

XS
SM
MD
LG