Достапни линкови

logo-print

Партизираното судство не се менува само со Кодекс


Презентација на Кодексот за судиска етика на судиите во Република Македонија, Судство, правда, правен.

Презентација на Кодексот за судиска етика на судиите во Република Македонија, Судство, правда, правен.

Судството кое важи за партизирано, зависно од политички влијанија, пристрасно, нема да се промени со еден Кодекс за етика на судиите. И досега имало кодекси, па немало подобрувања. Потребни се коренити промени, порачуваат експертите.

Кодексот за етика на судиите што денеска беше презентиран нема ништо да промени во судството, зашто непходни се коренити промени за да може да се решат наталожените проблеми со неговата партизираност и зависност, велат аналитичарите. Потсетувајќи дека и досега постоеше кодекс, но дека дискутабилно е колку се почитувал.

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур,а сега судијка во Уставниот суд во БиХ, Маргарита Цаца - Николовска, вели дека секој чекор кон подобрување на одредени состојби не може да се смета за непотребен, но оти во овој момент има многу поважна работа, а тоа е да се разрешат клучните проблеми, по последните превирања во Основниот суд Скопје 1 и обвинувања за незаконско влијание за носење одлука врз судија и за поткуп, што ја продлабочуваат недовербата во судството на јавноста.

„Секако дека однесувањето и случките во Основниот суд Скопје 1 не се во согласност со кодексите, ниту по однос на претседателот на судот, ниту по однос на сите други случувања во врска со она што е проблем во судството и она што е проблемот на независност и непристрасност, имајќи ја превид на прво место перцепцијата за судството, а понатаму и другите показатели кои се битни за применување на стандардите за независност и непристрасност“, вели Цаца - Николовска.

Кодексот за судска етика, според поранешниот уставен судија Бајрам Положани, значи надградба на правата и обврските на судиите со цел продлабочување на свеста за совесно и независно вршење на својата судска функција. Меѓутоа во услови на длабока политичка криза која се прошири и во криза и на функционирањето на правосудниот систем, како што нагласува Положани, потпишувањето на нов кодекс во кој е поизразена одговорноста на судиите нема да донесе посебни резултати. Ние треба да ги решиме првично состојбите во судството кои се однесуваат на незавршување на тоа што е определно со Устав и со закон.

„Нормативна работа е. Ние имаме проблем со криза во неизвршување на поствените принципи во Уставот и во законот, а кодексот е дополнително плус на тоа. А, нашата криза е во тоа. Прво треба да се исполнат обврските во примената на нашето закондавство и принципите од законите и после да се бара дополнително одговорно однесување на судиите“, вели Положани.

Маргарира Цаца - Николовска го изрази мислењето дека во овој момент првенствено треба да се расчистат состојбите во Основниот суд Скопје 1, потенцирајќи дека тоа е Суд во кој завршуваат сите сериозни предмети, вклучително и предметите од Специјалното обвинителство.

Таа уште изјави дека по случувањата во Основниот суд Скопје 1 потребна е или радикалана промена или формирање на специјално одделение за да може граѓаните да веруваат во независно судство.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG