Достапни линкови

logo-print

Меркел побара уште еден мандат како канцелар


Германскиот канцелар Ангела Меркел, Берлин 20.11.2106.

Германскиот канцелар Ангела Меркел, Берлин 20.11.2106.

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека ќе се трка за уште еден, четврти мандат на таа функција. 62 годишната Меркел го соопшти ова на прес конференција во Берлин по Конгресот на нејзината партија со што ги потврди претходните најави за нејзините намери да учествува на општите избори идната есен. „Сакам да и служам на Германија во овие тешки и несигурни времиња“, изјави таа. Иако бележи извесен пад на рејтингот сепак, според анктетите, таа и натаму високо котира. Меркел која потекнува од поранешната комунистичка Источна Германија е канцелар на обедината Германија од 2005 година.

XS
SM
MD
LG