Достапни линкови

logo-print

Меркел ќе бара четврти мандат


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел, според членови на нејзината партија Христијанско демократската унија, ќе се обиде да добие четврти мандат. 62-годишната Меркел се очекува формално одлуката да се натпреварува на изборите што ќе се одржат во есен идната година да ја објави подоцна во текот на денот.

Испитувањата на јавното мислење покажуваат пад на нејзината популарност но се уште има висок рејтинг. Нејзината партија имаше пад и на регионалните избори минатата година додека поддршката за анти-имигрантската партија Алтернатива за Германија е во пораст поради политиките на Меркел за отворена врата за мигрантите кои разлутија многу германски гласачи.

Меркел која пораснала во комунистичката Источна Германија ја предводи земјата од 2005 година.


XS
SM
MD
LG