Достапни линкови

Швајцарија- Следењето на рускиот владин авион е дел од рутинска контрола


Архивска фотографија- Руски владин авион

Архивска фотографија- Руски владин авион

Швајцарија одговори на барањата на Москва за објаснување зошто швајцарски борбени авиони го следеа летот на рускиот владион авион кој патуваше кон Лима, Перу на 18 ноември. Швајцарското министерство за одбрана соопшти дека тие вршеле рутинска контрола за идентификација на леталото и два борбени авиони се движеле паралелно со рускиот авион седум минути во швајцарскиот воздушен простор.

Од таму велат и дека такви контроли се спроведуваат околу 400 пати во годината за да се направи дополнителна проверка на авионите што се во сопственост на странски влади.

Руската амбасада во Швајцарија претходно на социјалната мрежа Твитер напиша дека се изненадени и дека бараат објаснување од Швајцарија. Амбасадата вчера испрати и писмо до швајцарската амбасада наведувајќи дека планот за летање на авионот со кој рсука делегација одеше на самитот за Азиско пацифичка економска соработка во Перу им бил доставен.

XS
SM
MD
LG