Достапни линкови

logo-print

Сирија го одби предлогот за автономна област во Алепо


Архивска фотграфија- Министерот за надворешни работи на Сирија Валид ал-Муалем

Архивска фотграфија- Министерот за надворешни работи на Сирија Валид ал-Муалем

Сириската влада го одби предлогот на Обединетите нации да им се гарантира автономија на областите под контрола на бунтовниците во Алепо за да се помогне во враќањето на мирот во западниот град. Државните институции мора да се вратат во Алепо откако бунтовниците ќе бидат протерани рече министерот за надворешни работи на Сирија Валид ал-Муалем по разговорот со специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стафан де Мистура денеска во Дамаск.

Претходно, претставникот на Светската здравствена организација Елизабет Хоф рече дека во петдневните воздушни и артилериски напади на владините сили биле нападнати сите медицински објекти во областите што се под контрола на бунтовниците во Алепо и сега тие не работат.
Сириските активисти соопштија дека повеќе од сто цивили биле убиени во овие области во последната владина акција која почна на 15 ноември.

XS
SM
MD
LG