Достапни линкови

logo-print

Русија и Кина ќе ја зголемат економската соработка


Средба на рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Кси Џинпинг во Лима, Перу

Средба на рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Кси Џинпинг во Лима, Перу

Русија и Кина ќе притискаат за создавање на зона на слободна трговија во азиско-пацифичкиот регион. Претседателите на двете земји, Владимир Путим и Кси Џинпинг се сретнаа вчера на маргините на самитот за Азиско-пацифичка економска соработка АПЕК кој се одржува во Лима, Перу.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков рече дека двајцата го поддржале подобрувањето на соработката во АПЕК во обид да се создаде зона на слободна трговија во регионот. Кинеското министерството за надворешни работи го цитираше нивниот претседател кој рече дека има потреба од зголемена билатерална соработка внатре во АПЕК во обид да се зголеми регионалниот и глобалниот економски раст.

Ваквите повици доаѓаат во период на протекционистичко расположение во САД кое следува по изборната победа на Доналд Трамп кој се заканува дека ќе го поткопа транс-пацифичкиот договор за трговија кој ја исклучува Кина, втората светска економија.

XS
SM
MD
LG