Достапни линкови

logo-print

Интензивни воздушни напади во Алепо


Алепо по вчерашните бомбардирања

Алепо по вчерашните бомбардирања

Во интензивните воздушни напади вчера загинаа десетици луѓе во северниот сириски град Алепо што предизвика осуда од западните земји. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека 48 луѓе, меѓу кои пет деца, загинале во областите заземени од бунтовниците во десетината воздушни напади и артилериски пукања.
Организацијата соопшти и дека со последните случувања во интензивните бомбардирања на Алепо и околината во последните пет дена загинале околу 180 луѓе.

Во воздушните напади и бомбардирањата исто така беа погодени и болниците во источен Алепо со што сите медицински објекти во градот се неупотребливи. Советникот за национална безбедност на Белата куќа Сузан Рајс рече дека тие ги осудуваат последните напади врз болниците и побара од Русија и нејзиниот сојузникот, сирискиот претседател Башар ал Асад да преземат чекори за да се запре со насилствата.

XS
SM
MD
LG