Достапни линкови

Командант на ИД убиен во Авганистан


Авганистански безбедносни сили патролираат по судирите со борците на Исламска држава

Авганистански безбедносни сили патролираат по судирите со борците на Исламска држава

Авганистанските власти соопштија дека еден од главните команданти на екстремистичката група Исламска држава бил убиен во напад со американски дрон во источен Авганистан. Портпаролот на провинцијата Нангархар рече дека Мула Бозорг, лидерот на Исламска држава во Авганистан, бил убиен на 18 ноември заедно со седум други борци на екстремистичката група.Тој додаде дека нападот се случил во областа Лагхарјо и дека биле запленети и уништени оружје, муниција и експлозиви што и припаѓале на групата.

И министерот за одбрана потврди дека бил убиен убиен командантот на ИД. Борците на екстремистичката група се активни во Нангархар каде што заземаа територија пред две години.Групата почна да се шири во соседните провинции Кунар и Забул, лоцирани во близина на границата со Пакистан.

XS
SM
MD
LG